Утрински Весник
Економија

(Видео) Димковски: Со приемот во ЕУ ни се отвора пазар од преку 500 милиони потенцијални потрошувачи

(Видео) Димковски: Со приемот во ЕУ ни се отвора пазар од преку 500 милиони потенцијални потрошувачи

Претседателот на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Трајан Димковски, на прес конференција во партиското седиште рече дека со приемот во ЕУ ни се отвора пазар од преку 500 милиони потенцијални потрошувачи, на кој македонските земјоделци ќе може да ги понудат и пласираат своите производи.

dobivaj vesti na viber

„Европската Унија преку мерките од ИПАРД 3 програмата досега, има издвоено вкупно 217 милиони евра за директна поддршка на нашите земјоделски производители. Со пристапот на Македонија во Европската Унија, оваа поддршка само ќе расте. Според досегашните искуства, европските средства со членството во ЕУ се зголемуваат за 10 – 11 пати. Овие пари се голем импулс за македонското земјоделство и поддршка за земјоделците да го унапредат своето производство, воведувајќи иновации и модерни технологии“, изјави Димковски.

Потсети дека програмата ИПАРД 3 ја започнуваме први во регионот, а буџетот е зголемен за 62 отсто.

„Тоа се вкупно 120 милиони евра европски неповратни средства за земјоделството. Продолжувањето на европскиот пат е клучно за да имаме повеќе и поквалитетна домашна храна и почитувани земјоделци чија мака и труд се вреднува“, заклучи тој.

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска за МТВ: Пристапувањето во СЕПА ќе донесе заштеда од половина милијарда евра за земјите од Западен Балкан

УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност

Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот