Утрински Весник
Свет

По катастрофалните пожари, локалната власт на островот Мауи поднесе тужба против Електричната компанија Хаваи

По катастрофалните пожари, локалната власт на островот Мауи поднесе тужба против Електричната компанија Хаваи

Локалната власт на островот Мауи  поднесе тужба против Електрична компанија Хаваи и нејзините подржужници обвинувајќи ги за небрежност што предизвикала катастрофални пожари по што изгореа стотици хектари земја и повеќе од 100 луѓе го загубија животот.

dobivaj vesti na viber

Во тужбата е наведено дека дистрибуцијата ХЕКО „неоправдано ги држела каблите за пренос на струја под напон“ на почетокот на август, иако Националната метереолошка служба објавила предупредувања за силни ветришта и за пожари. Во предупредувањата се алармирало дека силниот ветар може да ги урне столбовите за пренос на елетрична енергија и да поттикне пожар што би можел брзо да се прошири поради сувите состојби.

„Пожарот беше директна легална последица од небрежноста, невниманието и непромисленоста и/или од незаконитоста на ХЕКО“, се наведува во тужбата.

Властите на Мауи може да побараат оштета од оваа компанија во висина од десетици или стотици милиони долари, според адвокатот претставник на округот во овој судски спор.

Пожарот го зафати островот на 8 август, изгореа стотици хектари земја и уништени се повеќе од 2.000 објекти, а речиси 400 лица се уште се водат за исчезнати. Засега како жртви се идентификуани 115 лица.

Можете да прочитате

Властите во Иран тврдат дека државата има „законско право“ да го казни Израел за убиството на Ханија

Во Кина повеќе од 150 луѓе загинаа во одрони и поплави во последните два месеци

Познато е кога Иран ќе му се одмазди на Израел, американските власти очекуваат посилен удар од априлскиот