Утрински Весник
Свет

ЕУ: Тешко е да се потврди дали Пригожин загинал во авионска несреќа

ЕУ: Тешко е да се потврди дали Пригожин загинал во авионска несреќа

Портпаролот на Европската унија Петер Стано изјави дека е „тешко да се проверат“ извештаите дека шефот на руската приватна платеничка армија „Вагнер“, Евгениј Пригожин загинал во авионска несреќа.

dobivaj vesti na viber

„Видовме извештај за авионската несреќа во која Пригожин наводно загинал заедно со членовите на неговата придружба и екипажот. Но, повторно, како и многу други работи во Русија, ова е многу тешко да се провери, а со тоа и да се коментира“, рече Стано, според Си-Ен-Ен.

Тој рече дека поврзаноста на групата „Вагнер“ со Кремљ е едно од сложените прашања и дека не е на ЕУ да „шпекулира дали наводното убиство или смртта на Пригожин во авионска несреќа ќе има конкретни последици за активностите на „Вагнер“.

Стано рече дека нашироко се познати „негативните дејствија“ на Пригожин и групата „Вагнер“, посочувајќи на нивната вмешаност во војната во Украина и операциите во африканските земји.

„Каде и да беа оставија трага на кршење на човековите права, меѓународното хуманитарно право. Има многу неодговорност, нејасни се правилата по кои работат“, рече тој.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет