Утрински Весник
Македонија

Ја молат меѓународната заедница да доаѓа за да прави притисоци и тортура врз ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски за Владата

Ја молат меѓународната заедница да доаѓа за да прави притисоци и тортура врз ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски за Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека Владата коленичи пред светот и ги моли светските политичари да дојдат во Македонија за да прават тортура врз пратениците од неговата партија. Според него, тоа нема да успее. Мицкоски додаде дека треба да се зборува за реалните проблеми, а не за уставните измени. Единствен избор, повтори, се изборите.

dobivaj vesti na viber

„На состаноците изминатите месеци ние не читаме поезија. Тоа се состаноци на кои аргументирано ја браниме нашата позиција, односно позицијата на македонскиот народ и граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нема друга опција, треба со факти и аргументи да се спротивстави на криминалните активности на Владата, која не може да испорача сè што презела, а со цел да останат на власт уште ден повеќе. Тие коленичат пред светот и ја молат меѓународната заедница да доаѓа во Македонија и да ја притискаат да прави притисоци и тортура врз ВМРО-ДПМНЕ, а преку нас и на огромното мнозинство граѓани“, рече Христијан Мицкоски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ не гласа за уставните измени бидејќи сметаат дека тоа е најправилно, а не поради инает.

„Можам да ги разочарам, такво нешто нема да успее. Тоа беше јасно уште на 18 август кога се гласаше дневниот ред и претходно кога на Комисијата се гласаше потребата за уставните измени. Уште тогаш беше јасно дека нема 2/3 мнозинство. Наместо да зборуваме за реалните проблеми, за инфлацијата, за екстремно високите цени на прехранбените производи, за почетокот на учебната година без учебници, за проблемите на земјоделците, јавноста мора да биде сведок на тортурата од Владата преку своите гласила и коленичи пред светот и носи луѓе за да прават тортура врз ВМРО-ДПМНЕ“, додаде Мицкоски.

Прашан дали одново ќе седне на маса за да разговара за уставните измени и дали би прифатил нова лидерска средба, Мицкоски одговори дека една година се нуделе решенија, а сега веќе нема ништо на маса.

„Само лидерска средба за брзи парламентарни избори, без техничка влада“, додаде Мицкоски.

Ги покани сите што сакаат да разговараат за ова прашање, да кажат.

Можете да прочитате

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации