Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Украина: Уништивме два руски бомбардера во напад на аеродром

Украина: Уништивме два руски бомбардера во напад на аеродром
300x250 opst2

Украина тврди дека уништила два руски бомбардера во вчерашните напади на аеродром.

dobivaj vesti na viber

„Два се уништени, два не може да се поправат“, изјави шефот на украинската разузнавачка служба, Кирило Буданов, во синоќешното интервју за украинското радио.

Тој додаде дека можеби е погоден и петтиот руски авион, но не потврди точно каде и кога се случиле нападите.

Руските власти пријавија серија напади на аеродроми во текот на изминатата недела, вклучително и Солци во Новгородската област во саботата и Шајковка во регионот Калуга во понеделникот.

Британското разузнавање тврди дека Русија, најверојатно, изгубила суперсоничен бомбардер со долг дострел „ту-22М3“ способен да носи нуклеарно оружје.

Можете да прочитате

Премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет, падна француската влада

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј