Утрински Весник
Македонија

Oпштина Аеродром е прогласена за „највело општина“, според гласовите на граѓаните

Oпштина Аеродром е прогласена за „највело општина“, според гласовите на граѓаните

На јавен настан кој се одржа денеска, на Општина Аеродром и беше доделена награда „Највело општина”, избрана од страна на граѓаните на јавна анкета која беше спроведена од страна на Здружението на граѓани „Центар за одржливи иницијативи“ и неформалната групата ентузијасти „НаТочак“.

dobivaj vesti na viber

Оваа награда а потврда на заложбите на Општина Аеродром за подобрување и унапредување на мобилноста на локално ниво, но и поттик да се работи и понатаму во делот на велосипедската инфраструктура. Целта на наградата е преку позитивен пример да влијае на зголемување на заложбите на локалната самоуправа за подобрување на велосипедската инфраструктура, а со тоа и за климатска акција.

„Општина Аеродром останува посветена на промоција на урбаната мобилност и здравиот начин на живот. Во следниот период продолжуваат активностите за прифаќање на новите еколошки и инфраструктурни предизвици, но и конкретните активности за вклучување во климатските акции кои ќе придонесат за почиста општина и позелено опкружување“, велат од Општината.

Можете да прочитате

Муцунски во работна посета на Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Уапсен 18-годишник по предизвикан хаос од Василево до Богданци

Николоски: Од 2 јули нова директна линија Анкара- Скопје и карго железничко поврзување меѓу Македонија и Турција