Утрински Весник
Македонија

Агелер: Граѓаните да им дадат до знаење на политичарите дека сакаат да бидат дел од ЕУ, не е мое да зборам за уставните измени

Агелер: Граѓаните да им дадат до знаење на политичарите дека сакаат да бидат дел од ЕУ, не е мое да зборам за уставните измени

Американската амбасадорка Анџела Агелер при посетата на граничниот премин „Богородица“ заедно со министерот Оливер Спасовски истакна дека соработката со МВР и Владата има позитивни резултати за граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Прашана за нејзин став во однос на уставните измени, Агелер истакна дека не е нејзино да зборува за тоа, но дека граѓаните треба да им дадат до знаење на политичарите дека тие сакаат да бидат дел од ЕУ.

– Навистина сметам дека не е мое да зборувам за тоа како тече процесот на уставните измени. Јас сум амбасадор на САД. Ние не сме дел од Европската Унија, но кога ја гледам границата и големиот број возила кои влегуваат и излегуваат, сметам дека просперитетот и безбедноста на оваа држава е во нејзиното пристапување и интеграција во Европа и навистина се надевам дека политичарите од сите политички партии во земјава ќе работат кон остварување на тоа. Границата со Грција не потсетува на тешките одлуки што оваа земја веќе ги направи, и знам дека и ова е тешко, но ги охрабрувам граѓаните да им дадат до знаење на нивните политичари дека тие сакаат да бидат дел од ЕУ, изјави Агелер.

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина