Утрински Весник
Свет

Во Србија 39 лица заразени со западнонилска треска

Во Србија 39 лица заразени со западнонилска треска

Годинава, во Србија се регистрирани 39 заболени од западнонилска треска, соопшти денеска Јавниот здравствен институт на Србија, „Д-р Милан Јовановиќ-Батут“.

dobivaj vesti na viber

Институтот додаде дека повеќето од заболените од западнонилска треска имаат некоја форма на невроинвазивна форма на болеста: менингитис или енцефалитис и тие се на болничко лекување.

Западнонилската треска е сезонско заболување, кое се пренесува преку заразени комарци. Сезоната на заразување со овој вирус во Србија обично трае од јуни до ноември.

Најголем дел од заболените годинава се мажи (64 отсто), а просечната возраст на сите пациенти е 64 години. Повеќето од пациентите (70 проценти) имале и некоја друга болест, најчесто дијабетес и хипертензија.

Како што наведува „Батут“, до 16 август пријавени се 125 случаи на западнонилска треска кај човечката популација во земјите на Европската Унија и Европската економска заедница, и тоа: Италија (56), Грција (48), Франција (7), Романија (6), Унгарија (5), Германија (2) и Шпанија (1).

9 смртни случаи поврзани со западнонилска треска се регистрирани и во Грција (5), Италија (3) и во Романија (1).

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници