Утрински Весник
Македонија

По опсежна анализа и анкета ќе го имаме најдобриот кандидат за претседател на Македонија, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на опстојување на оваа власт се плаќа со човечки животи

Ако не се прифаќа барањето за избори власта уште еднаш ќе докаже дека се што им е важно се ден или месец повеќе за повеќе криминал и корупција, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање што ако во текот на наредните месеци не се прифати барањето за предвремени избори и дали би било во ред истите да се одржат заедно со претседателските во април и мај.

dobivaj vesti na viber

Митева кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори кога и да се случат.

„Но, како и до сега, приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е мислењето на граѓаните за кандидатите кои ги предлага, така ќе биде и овој пат, по опсежна анализа и анкета ќе го имаме најдобриот кандидат за претседател на Македонија“, рече Митева одговарајќи на прашање дали ВМРО-ДПМНЕ почна да работи во врска со кандидатот за претседател.

Можете да прочитате

Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Нова акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш