Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Разрешувањето на Мојсоски е завршена приказна, а тој гледа тенденции во постапката што ја водеше антикорупциската за ваучерите

(Видео) Разрешувањето на Мојсоски е завршена приказна, а тој гледа тенденции во постапката што ја водеше антикорупциската за ваучерите
300x250 opst2

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, кој ја тужи антикорупциската, очекува институцијата да одговара за клевета. Според него, тој не му штети на спортот и не злоупотребува пари, туку му помага. Според него, антикорупционерите се тенденциозни.

dobivaj vesti na viber

„Постапката, како што споменавте, дојде до контратужба од моја страна. Владата се произнесе негативно. Обвинителство се произнесе негативно. Се гледаат тука тенденциозни работи, кои, дефинитивно, се ставени од други вработени, кои беа претходно во Агенцијата за млади и спорт. Ова што ние сакаме да го направиме со спортот е знак дека не сакаме да злоупотребиме државни пари, туку е помагање на спортот“, рече Мојсоски.

Негово разрешување нема да има, а очекува изјаснување на сите страни, со што оваа тема ќе биде затворена.

„Се надевам дека многу бргу ќе се изјаснат и другите фактори на ова и ќе покажеме дека сме во функцијата на граѓаните, а не како што спомена ДКСК“, додаде Мојсоски.

Претходно, ДКСК побара одговорност од Мојсоски и членовите на централната комисија поради основани сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер-системот на финансирање фондации и спортски клубови во периодот од 2020, 2021 и 2022 година. Предметот се работел две години. Потоа Мојсоски поднесе тужба против нив.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја