Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Прв термин за вадење документи е во декември, Спасовски тврди дека се издаваат во законските рокови, без разлика на метежот

Прв термин за вадење документи е во декември, Спасовски тврди дека се издаваат во законските рокови, без разлика на метежот
Img 7972

Тешко се доаѓа до термини за вадење на лични документи, а дека има гужви потврдува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Граѓаните сведочат дека првите слободни термини за поднесување на барањата и фотографирање се за во декември односно веќе јануари. Спасовски посочува дека вака било и минатата година.

dobivaj vesti na viber

„Секако дека фреквенцијата е зголемена. Не само оваа година, туку и минатата имавме. До 2019 година најголемата гужва била во месеците јуни, јули, август. Таа не поминувала повеќе од 22, 23 илјади. Минатата година за истиот период имавме околу 50.000 барања за промена на лични документи. Како наближија годишните одмори има и зголемена фреквенција. Во овие денови опаѓа. Има градови каде и нема големи гужви. Се работи и во сабота“, вели Спасовски.

Според него, доколку се почитуваат термини и не се бара вадење на документи од денес за утре – сите ќе имаат лични карти, пасоши и возачки дозволи на време.

„Секако дека јавувањата и редот кој се воспоставува, закажувањата на термини е во првите слободни термини. Од град во град тие се такви какви што се. Најважно е што сите ние кои сакаме да добиеме термини, да го почитуваме тој. Изместувањето на терминот значи проблем за цел тој систем“, додаде Спасовски.

Тој додава дека динамиката е добра.

„Во наредните денови ќе имаме предлози за релаксирање на системот. Околу еден милион граѓани ги смениле документите. Динамиката е добра“, додаде министерот.

Никој нема да биде казнет ако до февруари не извади документи со новото име на државата.

„Нема да има проблем во остварувањата на правата. Според динамиката која ја имаме успешно ќе се завршат промените на документите. Нема да има казнување на граѓаните. Во континуитет како што ќе се одвиваат состојбите такви одлуки ќе носиме, во интерес на граѓаните“, кажа Спасовски.

Тој е дециден дека во законскиот рок се постигнува да се издадат документите.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја