Утрински Весник
Спорт

Алкараз во плус 20 поени, Ѓоковиќ по Ју-ес опен повторно ќе биде број 1

Алкараз во плус 20 поени, Ѓоковиќ по Ју-ес опен повторно ќе биде број 1

Карлос Алкараз се уште ја држи првата позиција на АТП листат. Зад него е Новак Ѓоковиќ, кој по спектакуларниот меч и победата во Синсинати, му се доближи на младиот Шпанец на само 20 поени.

dobivaj vesti na viber

На најновата АТП листа, Алкарас има 9.815 бодови, додека Ѓоковиќ стигна до 9.795. Тоа практично значи дека по Ју-ес опен ќе има нова промена на врвот на АТП листата.

За Ѓоковиќ да стане светски рекет број еден, доволна е една победа во Њујорк, со оглед на тоа што не брани ниту еден поен, бидејќи лани не играше на грен слемот во Њујорк, додека Шпанецот ја брани титулата.

Зад најдобрите двајца е Данил Медведев, потоа следува уште еден млад играч, Холгер Руне. Данецот го има најдобриот пласман во кариерата.

Каспер Руд напредуваше две позиции и се наоѓа на петтото место, а шести е Јаник Синер, кој исто така го има најдобриот пласман во кариерата.

На листата три места назадуваше Стефанос Циципас, Гргот е седми играч во светот, а зад него се Андреј Рубљов, и Американците Тејлор Фриц и Френсис Тиафо.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига