Утрински Весник
Свет

Страшна несреќа: Најмалку 18 загинати, 16 повредени откако автобус во Пакистан се судри со комбе и се запали

Страшна несреќа: Најмалку 18 загинати, 16 повредени откако автобус во Пакистан се судри со комбе и се запали

Најмалку 18 лица загинаа, а 16 се повредени денеска кога автобус се запали откако удри во паркирано комбе во источната пакистанска провинција Пенџаб.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила кога автобус кој се движел кон главниот град Исламабад се судрил со комбе што превезувало бензин, пренесува Скај њуз.

По судирот се запалиле и автобусот и комбето. Според полицијата загинале возачите на двете возила.

Во автобусот имало повеќе од 40 патници, а неколку од повредените се во критична состојба бидејќи се здобиле со тешки изгореници.

Можете да прочитате

Трамп со нова закана до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол

Путин: Откривме над 40 нови наоѓалишта на нафта во Русија

Напад со беспилотно летало врз нафтен комплекс во Кувајт, нападнато е и министерството