Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДС со месеци лажат дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени, вчера излезе вистината

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Нова хаварија во РЕК Битола, кој ќе понесе одговорност за катастрофата?

Димитар Ковачевски и цело СДС со месеци лаже дека се можни уставни измени и дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило промена на Устав. Ковачевски тврдеше дека претседателот Христијан Мицкоски се согласил на уставни измени. Цело СДС синхронизирано и како расипана грамофонска плоча повторуваа уставни измени, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од опозициската партија додаваат дека вчера целата македонска јавност виде дека Ковачевски и СДС не само што немаат мнозинство од 80 пратеника, туку едвај имаат 70.

– Вистината излезе на виделина. СДС губи пратеници. Сите лаги на власта се распрснаа. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ кој го кажа претседателот Мицкоски уште на 16.07.2022 година е ист. Промена на Устав нема да помине, – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Можете да прочитате

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година