Утрински Весник
Спорт

Клоп не е задоволен: Бесконечните пари создаваат проблеми за сите

Клоп не е задоволен: Бесконечните пари создаваат проблеми за сите

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека не е само неговиот тим кој има проблем со „бесконечните пари“ на пазарот на играчи, откако Челси успеа да му ги „грабне“ веќе договорите засилувања во Моисес Каиседо и Ромео Лавија.

dobivaj vesti na viber

Двата фудбалери од средниот ред го одбија Ливерпул за преселба под подобри услови во Челси. Каиседо имаше личен договор со Челси од мај, и замина во Лондон и покрај тоа што Ливерпул и Брајтон го договорија трансферот од 115 милиони фунти, додека Лавија призна дека не му се допаѓала понудата од „црвените“ бидејќи го сметале како „бекап“ опција.

Клоп вели дека не е потешко да се убедат фудбалерите во амбициите и целите на Ливерпул ова лето, но дека проблемот е во „бесконечните пари“ на фудбалскиот пазар.

„Има многу работи кои се поинакви, некои клубови имаат поинаков начин на склопување на договори и тоа функционира. Како нормален клуб, тешко е да се стигнат. Тоа не е мој проблем, туку е едноставно таква ситуација. Саудиска Арабија, покрај тоа, не ги направи работите полесни за сите нас. Кина се обиде, САД уште се обидува. Бесконечните пари создаваат проблем за сите. Би било добро некој да има решение. Работите станаа потешки, но не во тоа да се убедат играчите да дојдат во Ливерпул. Само треба да бидеете сигурни дека одите по вистинските. Јас сум среќен со трансферот ова лето, и ќе продолжиме со тоа да се обидеме да направиме најдобри одлуки за доброто на клубот“, вели Клоп.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига