Утрински Весник
Спорт

Баерн го продава Павар во Интер

Баерн го продава Павар во Интер

Италијанскиот калчолигаш Интер е блиску до ангажирање на вториот играч на Баерн Минхен ова лето, откако веќе го купи голманот Јан Зомер. „Нероаѕурите“ се во напредни преговори за Бенјамин Павар и се чини дека зделката наскоро ќе стане реалност.

dobivaj vesti na viber

„Скај Спортс Германија“ објави дека Интер испратил официјална понуда за францускиот репрезентативец. Вредноста на понудата е околу 30 милиони евра со бонуси. Баерн се надева дека ќе добие нешто повеќе за светскиот шампион од 2018 година, но понудата не е одбиена и големи се шансите да се постигне договор.

Павар има уште една година од договорот со баварскиот гигант, но инсистира да биде продаден. Тој го известил раководството на клубот за својата одлука. Со ситуацијата е запознаен и тренерот Томас Тухел.

Сериозен интерес за сестраниот дефанзивец покажаа Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Неговиот приоритет беше да се пресели на „Олд Трафорд“, но оваа можност пропадна откако „црвените ѓаволи“ не успеаја да се разделат со Хари Мегваер.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига