Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Двајца уапсени во Тетовско, одземени пиштоли

Гостин на свадба во Охрид испукал неколку куршуми, двајца повредени
Img 7972

Вчера попладне, во 15.30 и во 16.55 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 33-годишниот Б. И. и 60-годишниот И. И. од тетовски Порој, извести СВР Тетово.

dobivaj vesti na viber

„Тие се сомничат дека на улицата Фуштанска во Тетово пукале од оружје. Притоа од Б. И. одземен е пиштол ‘зораки’ во калибар од 9 милиметри и тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот“, велат од СВР Тетово.

Подоцна, околу 19.40 часот, од 53-годишен жител на тетовско село биле одземени за вештачење пиштол „црвена застава“, со рамка во калибар од 9 милиметри, и пиштол „тангфолио“ со рамка, исто така во калибар од 9 милиметри, а поради сомнение за негова инволвираност во предизвикување општа опасност на оваа улица.

Можете да прочитате

Кичевчанец возел со 1.85 промили алкохол во крвта

СДСМ: Застана откупот на пиперката ајварка поради срамно ниски цени, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони”