Утрински Весник
Култура

Прва самостојна изложба „Мрак“ на скулпторот Озбек Ајваз

Прва самостојна изложба „Мрак“ на скулпторот Озбек Ајваз

На 23 август 2023 година во 19:30 часот во Мобилна/монтажна галерија на Центар за современи уметности во Паркот на Франкофонијата ќе биде отворена првата самостојна изложба Мрак на скулпторот Озбек Ајваз на која ќе бидат изложени скулптурите ce изработени од рециклирано железо.

dobivaj vesti na viber

„Среде темнината што се шири, една сијалица се појавува како симбол на надеж. Неjзиниот нежен сјај се пробива низ мракот, кој го открива патот пред нас, давајќи чувство на утеха…“

Изложбата е финасиски поддржана од Министерство за култура на РСМ.

Озбек Ајваз е роден 1999 г. во Скопје, РС Македонија. Дипломирал на Универзитет Св. Кирил и Методиј – Факултет за ликовни уметности во Скопје, на одсек вајарство, со модул сценографија во 2021 г., под менторство на проф. М-р Жарко Башески и проф. М-р Беди Ибрахим. На магистерски студии е на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, одсек вајарство, под менторство на проф. М-р Жарко Башески.

Во период од 2019-2023 г. учествува на повеќе групни изложби, симпозиуми и колонии во Македонија, Турција, Косово и Црна Гора.

Во 2021 г. ја добива наградата за надежен млад уметник во Истанбул, Р. Турција.

Од 2023 г. е член на ДЛУМ – Друштво на ликовни уметници на Македонија.

Скулптурите кои ги изработува се од рециклирано железо во апстрактна и геометриска форма. Неговиот уметнички израз е под влијание на Пабло Пикасо, Александар Архипенко, Марсел Дишан, и Џулио Гонзалес.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“