Утрински Весник
Магазин

Лајонел Ричи се извини што го откажал концертот

Лајонел Ричи се извини што го откажал концертот

Лајонел Ричи се извини што го откажал распродадениот концерт еден час пред планираниот почеток, и се пошегува дека се обидел да ургира кај пилотот откако му рекле дека не може да слетаат поради тешките временски услови.

dobivaj vesti na viber

На турнејата, Лајонел е придружуван од соул-бендот „Ерт, винд енд фајр“, но во саботата вечерта беше приморан да го откаже својот настап во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк бидејќи авионот не можел да слета, оставајќи илјадници фанови разочарани.

Лајонел (74) го презакажа концертот за понеделник и, тоа значеше дека концертот во Конектикат таа вечер мораше да се помести за среда.

И кога конечно излезе на сцената во „Медисон сквер гарден“, тој ѝ се извини на публиката и вети дека ќе им надомести.

Во клипот до кој дојде „Пипл“ тој вели: „Имав две ‘не’ во исто време. „И кога тие двајца одлучија дека е ‘не’ – кога Бог вели ‘не’ и кога пилотот вели ‘не’, одговорот…“

Ветеранот на соул музиката потоа се пошегува: „Се обидов да го поткупам пилотот.“

Ричи планира да ја заврши својата турнеја со настап на Киа Форум во Лос Анџелес на 15 септември.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста