Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Зеленски ги укина директните контакти меѓу Белорусија и Украина

Лукашенко: Зеленски ги укина директните контакти меѓу Белорусија и Украина

Директни контакти меѓу Украина и Белорусија постоеја, но тие беа укинати од украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

dobivaj vesti na viber

Последниот таков контакт се случи пред неколку месеци и вклучуваше дискусија за можноста Белорусија да влезе во војна на страната на Русија, рече тој, а пренесува „Ројтерс“.

Лукашенко додаде дека Белорусија ќе се воздржи од вооружени дејствија на територијата на Украина, доколку Украинците не ја преминат државната граница, но додаде и дека Минск секогаш ќе и помага на Москва.

„Ако вие, Украинци, не ја преминете нашата граница, ние никогаш нема да учествуваме во оваа војна, во оваа војна од големи размери, но секогаш ќе и помагаме на Русија“, рече тој.

Покрај тоа, тој негираше дека Москва наводно го убедувала Минск да се вклучи во војната.

„55 земји и помагаат на Украина, но само Белорусија отворено и помага на Русија“, рече тој.

Лукашенко рече дека верува оти Русија веќе ги постигнала своите цели во Украина и дека во таа смисла двете страни треба да седнат на преговарачка маса и да бидат подготвени да разговараат за сите прашања, вклучително и иднината на Крим и другите територии на кои има право Москва.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници