Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Нови проблеми за Челси, се повреди и Рис Џејмс

Нови проблеми за Челси, се повреди и Рис Џејмс
300x250 opst2

Проблемите со повредите во тимот на Челзи се надополнија со новите засилувања Кристофер Нкунку и Весли Фофана кои веќе подолг период се надвор од терените. Во последните часови се појавија информациии дека и капитенот на „сините“, Рис Џејмс, исто така заработил истегнување на мускулот, но допрва треба да се направи скенирање за да се потврди можната повреда.

dobivaj vesti na viber

Ваквиот проблем изгледа хроничен за дефанзивецот, бидејќи и претходно имаше слична повреда и може да одлучи да оди на операција.

Информацијата за тоа колку време ќе отсуствува Рис Џејмс ќе биде позната во текот на утрешниот ден, а во негово отсуство стартер за „сините“ ќе биде новото засилување Мало Густо.

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај