Утрински Весник
Спорт

Мундобаскетот ќе остане посиромашен за голем број ѕвезди, најголемата е Никола Јокиќ

Мундобаскетот ќе остане посиромашен за голем број ѕвезди, најголемата е Никола Јокиќ

Мундобаскетот сè уште не започнал, но горчливиот вкус околу него веќе се чувствува. Тоа требаше да биде собир на најдобрите кошаркари на денешницата, но, за жал, многу ѕвезди од различни причини нема да бидат во можност да се натпреваруваат за светската титула на тлото на Азија.

dobivaj vesti na viber

Мундобаскетот кој ќе се одржи од 25 август до 10 септември на Филипините и во Јапонија и Индонезија ќе остане послаб за дури 24 врвни кошаркари, а не ја сметаме селекцијата на Соединетите Американски Држави која е карактеристично за доаѓањето на глобалниот собир без најголемите ѕвезди.

Списокот на отсуства започнува со најдобриот кошаркар на денешницата, Никола Јокиќ, кој минатата сезона ги предводеше Денвер Нагетс до НБА прстенот, но со Србија нема да игра за освојување на пехарот на Светското првенство.

Освен Јокиќ, Србија ќе биде ослабена со отсуството на Василије Мициќ и Никола Калиниќ, а исто како и во случајот со Јокиќ, нема конкретно објаснување за причината за нивното отсуство. Немања Недовиќ отпадна од лични причини, а Владимир Лучиќ беше одвоен од теренот поради повреда.

Покрај Србија, на Мундобаскетот драстично ќе биде ослабена и Грција. Двократниот МВП на НБА, Јанис Адетокумбо нема да игра за Грците, а се повлекоа и двајцата ветерани Ник Калатес и Костас Слукас.

На репрезентацијата нема да и помогне најголемата ѕвезда на летонската кошарка Кристапс Порзингис, а во Азија нема да го видиме ниту соиграчот на Јокиќ од Денвер, Џамал ​​Мареј.

Шпанците на турнирот ќе одат без двајцата најдобри плејмејкери Рики Рубио и Лоренцо Браун, додека Литванците ја немаат НБА ѕвездата Домантас Сабонис, искусните евролигашки играчи Мариус Григонис и Рокас Гидраитис.

Ниту Французите нема да бидат комплетни на Мундобаскетот. „Галските петли“ ќе останат без помошта на првиот пик од годинешниот драфт во НБА, Виктор Вембањама.

Отсуствата не завршуваат тука. Италија ќе остане без помошта на Ник Манион од Басконија, Јапонија без својот најдобар играч Руи Хачимура, Влатко Цанчар е повреден кај Словенците, а Германците не можат да сметаат на Макси Клебер од Далас. Селекцијата на Доминиканската Република некако ќе мора да се снајде со отсуството на ветеранот Ал Хорфорд.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ