Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Лога го викна шефот на Обвинителството за корупција, Абази; разговарале за предметот за модуларната болница

Лога го викна шефот на Обвинителството за корупција, Абази; разговарале за предметот за модуларната болница
300x250 opst2

Министерот за правда, Кренар Лога, на своја иницијатива се сретна со шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

dobivaj vesti na viber

Како што известува Министерството за правда, на средбата, меѓу другото, се разговарало за постапката, која е во тек во ова Обвинителство во врска со тендерот за набавка на модуларните болници, во рамките на која се преземаат дејства со цел испитување на сите околности по што, велат, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

„Во однос на другите прашања, се дискутира и за новата стратегија за развој на правосудниот систем 2023-2027, како и за реформите, кои ќе бидат опфатени со неа.

Јавниот обвинител Абази го информира министерот за правда, Лога, дека е финализирана последната јавна набавка за уредување на новиот објект, во кој набргу ќе се пресели Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Во овој објект значително ќе бидат подобрени просторните услови за работа на јавните обвинители, а ќе биде опремена и современа форензичка лабораторија, која значително ќе го олесни вештачењето на доказите“, се наведува во соопштението на Министерството.

Координативни средби ќе продолжат да се одржуваат и во наредниот период, додаваат од Правда.

Можете да прочитате

Мицкоски: По изборите ресет на системот, да изградиме правна држава и непристрасно правосудство  

Во пиперки од Македонија откриена опасна супстанца

17годишно момче тешко повредено откако паднало од мотор