Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

„Мундо депортиво“: Модриќ е вознемирен, може да побара трансфер

„Мундо депортиво“: Модриќ е вознемирен, може да побара трансфер
Img 7972

Лука Модриќ на клупата за резерви го започна првиот натпревар на Реал Мадрид оваа сезона. До него седеше и неговиот долгогодишен партнер во редот за врска, Германецот Тони Крос.

dobivaj vesti na viber

Карло Анчелоти, натпреварот на „Сан Мамес“ во Билбао го заошна со младите сили, кои се иднината на „кралскиот клуб“ (Чуамени, Валверде, Камавинга, Џуд Белингем).

„Лука Модриќ е многу вознемирен поради моменталната ситуација. Не е среќен што на почетокот на оваа сезона мора да ја прифати улогата на играч кој доаѓа од клупата. Ова не го очекуваше кога се реши да го продолжи договорот со Реал за уште една година. Посебно ако се земе предвид фактот дека го одби понуда од Саудиска Арабија за да остане со Реал“, пишува „Мундо Депортиво“.

Крос во игра влезе во 71. минута, а Модриќ девет минути подоцна. На прес-конференцијата новинарите се интересираа дали тоа значи дека двајцата го загубија местото во првите 11, на што Анчелоти кратко одговори: „Не можам да кажам дека Крос и Модриќ нема да бидат стартери оваа сезона“.

„Последната капка беше мечот против Атлетик Билбао на Сан Мамеш на воведниот натпревар од Ла Лига. Модриќ едвај доби десет минути во него. Тој влезе во игра наместо Винисиус кога Реал веќе водеше со 2:0 и се беше готово. Ова се случува втор пат оваа сезона, Анчелоти исто постапи и на Ел Класико одиграно во Далас во подготвителниот период“, наведува „Мундо Депортиво“ и продолжува.

„Модриќ доби место во првите 11 само на натпреварот против Јувентус кој Реал го играше на подготовките на 3 август. На тој натпревар тој не доби целосна минутажа, беше заменет во 61. минута. Доколку ситуацијата продолжи да се развива вака, не е исклучено Модриќ да побара трансфер во јануарскиот преоден рок“.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица