Утрински Весник
Свет

Бугарите се дел од реалноста на Македонија, и Софија и Скопје губат од лошите односи, вели Захариева

Бугарите се дел од реалноста на Македонија, и Софија и Скопје губат од лошите односи, вели Захариева

Поранешната шефица на бугарската дипломатија и актуелен пратеник  од редовите на ГЕРБ во изјава за БГНЕС вели дека и Софија, и Скопје губат од лошите односи и оти е корисно дветe земји да отворат нова страница.

dobivaj vesti na viber

Повод за нејзиниот коментар е претстојното гласање во македонскиот парламент за вклучување на Бугарите во Уставот на РСМ. Ова е едно од главните барања утврдени во т.н „француски предлог“ што властите во Скопје се согласија да го спроведат пред да започнат  пристапните преговори.

„Измена на Уставот на РСМ не е голема работа. Бугарите се дел од реалноста во РСМ и тоа мора да се прифати“, потенцира Захариева.

Таа е категорична дека е корисно за двете земји да отворат нова страница во односите.

„И Софија и Скопје губат од лошите односи. Многу е подобро да немаме граници меѓу нас и да се развива бизнисот. Важно е луѓето да можат слободно да се среќаваат и да комуницираат без страв“, рече Захариева.

Истовремено, таа потсети дека за сето ова да се случи Скопје мора да ги исполни условите од преговарачката рамка и да прифати дека Бугарите се дел од РСМ.

„Мора да се прекине дискриминацијата врз Бугарите, како и неодамна зачестените случаи на физичко и вербално насилство“, повика Екатерина Захариева.

Можете да прочитате

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во Хонг Конг