Утрински Весник
Македонија

Еднократна парична помош од 3500 денари за секое прваче во општина Аеродром

Еднократна парична помош од 3500 денари за секое прваче во општина Аеродром

Општина Аеродром извести дека реализирале уште една мерка со која директно велат се помага на семејниот буџет и ги мотивира најмладите за успешен почеток на учебната година.

dobivaj vesti na viber

– Продолжува успешно воспоставената практика и во тек е пријавувањето за доделување еднократна парична помош во износ од 3500 денари, наменета за секое запишано прваче во училиштата на територија на Општина Аеродром, велат од Општината.

Рокот за пријавување трае до 29 септември, а родителите на првачињата можат да ги преземат документите на линкот http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari или директно во просториите на Општината.

Можете да прочитате

Професионалните возачи на протест пред ЕУ: „На пат сме за работа, не за одмор“

Николоски: Соработката со ЕВРОКОНТРОЛ е одлична, работиме на унапредување на ефикасноста и квалитетот на воздушниот сообраќај во Македонија

ЕОС Матрих Македонија на пиедесталот во рамки на EOS Групација