Утрински Весник
Македонија

Селото Врбица беше 100 посто загрозено, го спасија авионите и пожарникарите, вели жител на Врбица

Селото Врбица беше 100 посто загрозено, го спасија авионите и пожарникарите, вели жител на Врбица

Селото Врбица, во Општина Чешиново-Облешево, беше 100 посто загрозено во денешниот пожар. Без авионите, хеликоптерите и пожарникарите ќе изгореше, вели Стојан Ристов жител на селото.

dobivaj vesti na viber

Тој кажа дека во опасност биле и самите пожарникари.

Пожарот избувна денес на ридот близу Манастирот Свети Ѓорѓија, во близина на селата Врбица и Соколарци.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кажа дека тревата горела многу бргу и огнот му се заканувал на селото, па ангажирани беа ертракторите, хеликоптерот на МВР, а пожарот се гаснеше и од земја.

Три екипи на Територијалната противпожарна единица Кочани итно беа упатени на терен, а повикани беа и екипи на Доброволното противпожарно друштво Кочани.

Како што објаснија од ЦУК, пожарот имал повеќе кракови, а променливиот ветер и по правец и по силина ги разгорувал на различни страни.

„Со воздухопловите – прво со „ер тракторите“ на ДЗС, па цело време со хеликоптерите на МВР и пожарникарите по земја, моментно се одлучуваше и се одеше од крак до крак и се гаснеше со мали мобилни тимови директно место по место“, велат од ЦУК.

Можете да прочитате

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат