Утрински Весник
Македонија

Заедничка воена вежба на Македонија, САД и Албанија во Скопје од 20 август

Заедничка воена вежба на Македонија, САД и Албанија во Скопје од 20 август

Владата на седница донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили во Македонија заради учество на заедничка обука и вежба „Joint Combined Exercise Training – 23“.

dobivaj vesti na viber

Заедничката обука и вежба „Joint Combined Exercise Training – 23“ е дел од Планот за билатерална соработка за 2023 година помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерство за национална одбрана на Соединетите Американски Држави.

Специјалните сили на Армијата на Република Северна Македонија со 12 (дванаесет) припадници учесници на активноста, во период од 20 август до 01 септември 2023 година активно ќе учествува во подготовките и изведувањето на заедничката обука и вежба „Joint Combined Exercise Training – 23“ на територијата на Република Северна Македонија.

На вежбата е предвидено учество на 10 (десет) припадници од специјалните сили на вооружените сили на САД и 12 (дванаесет) припадници на вооружените сили на Република Албанија, со вооружување, опрема, моторни возила и материјално – технички средства.

Локација за учество на вежбата ќе бидат полигоните за обука и стрелиштата за изведување на гаѓања во касарните „Илинден“ – Скопје, „Страшо Пинџур“ – Петровец и „Ѓорче Петров“ – Скопје.

Можете да прочитате

Јаневска: Правиме крупни образовни промени за поквалитетни знаења на нашите ученици и подобри резултати на меѓународните тестирања

Бочварски до Николоски: Зошто стои реализацијата на брзата пруга

Министерот Мисајловски заедно со припадниците на македонската Армија во операцијата EUFOR-ALTHEA