Утрински Весник
Македонија

Пожар избувна кај селото Соколарци, ќе го гаснат и „ер таркторите“ и хеликоптерот на МВР

Под контрола е ставен пожарот во Гоцевата шума во близина на Неготино

Пожар избувна на ридот близу Манастирот Св. Ѓорѓија кај село Соколарци, Општина Чешиново Облешево.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, гори трева, грмушки и нискостеблеста деградирана шума.

Три екипи на Територијалната противпожарна единица Кочани итно се упатени на терен, а повикани се и екипи на Доброволното противпожарно друштво Кочани.

Просторот кој го зафаќа пожарот е над 50 хектари и во моментот се движи во правец на селото Рајчице, во дел на непристапен широк шумски појас.

Поради опасност огнот да се приближи кон населено место или да навлезе во високо квалитетна шума во секој момент кон пожарот ќе полетаат трите „ер трактори“ на ДЗС како и еден хеликоптер на МВР.

Можете да прочитате

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Акција на полицијата во Гостивар: Марихуана пронајдена при претрес на дом

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“