Утрински Весник
Македонија

Поднесена кривична пријава против две лица од Неготино за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“

Приведен криумчар на мигранти, превезувал лица од Сирија

Oд страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал спроведена e координирана полициска операција, при што, со судска наредба, извршени се претреси во дом и други простории на две локации во Неготино кај Ј.К.(23) и М.Б.(23), двајцата од Неготино, поради постоење на основано сомнение дека се сторители на кривичнo делo „Kриумчарење на мигранти“ по член 418-б став 2 вв со член 22 „Соизвршителство“ од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Притоа, од слобода бил лишен М.Б., додека за Ј.К., кој во моментот не бил затекнат, пуштен е распис за негово пронаоѓање, а против двете лица е поднесена кривична пријава. Имено, Ј.К. и М.Б., со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, кривичното дело го сториле организирајќи нелегално пренесување на лица илегални мигранти од територијата на Р.Грција на територијата на Р.Северна Македонија, кои потоа од страна на други лица се прифаќале и превезувале кон липковско-кумановскиот регион и понатаму се криумчареле кон Р.Србија и земјите на ЕУ. Ј.К. и М.Б. првично обезбедувале возила за превезување на илегалните мигранти, потоа со лица возачи го договарале начинот на комуникација, како и локацијата на прифаќање, рутата на превезување и засолнување на илегалните мигранти во кумановско-липковскиот регион.

Така, на 18.06.2022, кога се откриени 26 лица илегални мигранти од Сирија во товарно возило управувано од Д.С.(21) и совозач М.И.(38), двајцата од Велес, на кои од страна на Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ на 19.06.2022 веќе им е поднесена кривична пријава од по член 418-б од Кривичниот законик, Ј.К и М.Б., откако го организирале криумчарењето на мигранти, ги известувале возачите кои ги превезувале мигрантите за полициските патроли и евентуална промена на рутата доколку бидат забележани од страна на полициските патроли, бидејќи биле во улога на т.н.„чистачи“ за време на криумчарењето на мигрантите.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор