Утрински Весник
Македонија

Апарати за плаќање на сметките за вода има на пет локации во Скопје

Апарати за плаќање на сметките за вода има на пет локации во Скопје

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје со цел доближување на услугите до своите корисници, имплементира активности кои се дел од планот за дигитализација велат во соопштение од претпријатието.

dobivaj vesti na viber

– Имено покрај големиот број на дигитализирани услуги, како добивање на електронски фактури, електронска регистрација на корисник, пријавување на дефекти и достапност на различен тип на документи преку e.vodovod-skopje.com.mk, ЈП Водовод и канализација – Скопје, располага и со апарати за плаќање на фактурите на пет локации низ град Скопје: Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделението за грижа на корисниците на ЈП „Комунална хигиена“, ГТЦ на приземје, во ТЦ Капитол Мол и во Сити Мол (во делот кај банкоматите). Корисниците на услугите на претпријатието на овој тип апарати имаат можност да направат преглед на сметките и да извршат уплата со користење на картичките „мастер“ и „виза“од сите банки без провизија. Покрај оваа можност, корисниците можат да пристапат до електронските услуги на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и преку мобилната апликација достапна за Андроид и иОС, се вели во известувањето од „Водовод и канализација“

Можете да прочитате

СТАНОВИТЕ СТАНАА ЛУКСУЗ: Скопје поскапува, а во Европа квадрат чини и над 22.000 евра

ЛДП: На кој Мицкоски да му веруваме — на оној од април или на оној од август?

Утре почнува учебната година со 3.000 ученици помалку во прво одделение