Утрински Весник
Свет

Украина: Русите ја нападнаа Одеса во текот на ноќта

Украина: Русите ја нападнаа Одеса во текот на ноќта

Руските сили ја нападнале Одеса во текот на ноќта со беспилотни летала и проектили, при што се повредени најмалку три лица, соопштија локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Регионалниот гувернер Олех Кипер на Телеграм напиша дека дел од ракетата предизвикал пожари и дека ударниот бран ги разнел прозорците на зградите.

Командата на украинските вооружени сили соопшти дека нејзините сили за воздушна одбрана ги уништиле сите 15 беспилотни летала и осум проектили лансирани од Русија кон пристаништето.

Откако Русија се повлече од договорот за жито минатиот месец, најголемото украинско пристаниште Одеса беше под постојани ракетни и беспилотни напади.

Можете да прочитате

Трамп се закани дека ќе го употреби Законот за бунт поради протестите во Минесота

Деактивирани се пет милиони профили на малолетници на социјални мрежи во Австралија

Грција донираше воена опрема на Либан