Утрински Весник
Спорт

(Видео) Шкупи го победи Вардар, Тиквеш и АП Брера ја предводат табелата

(Видео) Шкупи го победи Вардар, Тиквеш и АП Брера ја предводат табелата

Попладнево се одиграа пет натпревар од второто коло во Првата македонска фудбалска лига. Колото го обележа спектакуларниот гол на фудбалерот на АП Брера Струмица, Ване Крстев. Интересно и во втората рунда ниту еден натпревар не заврши без победник.

dobivaj vesti na viber

Дербиот на колото се одигра во населбата Маџари, на стадионот „Борис Трајковски“. Вардар го пречека Шкупи. Натпреварот го реши Нитињо во 79.минута. Вардар го забележа вториот пораз, а Шкупи првата победа во новата сезона, откако на стартот доживеа пораз на иститот стадион од Работнички.


АП Брера Струмица, ја запиша втората победа во сезоната. Струмичани го победија новиот прволигаш Воска спорт. Крстевски во 15.минута, со спектакуларен гол донесе предност за АП Брера Струмица. Победата на екипата од Струмица ја потврди дефанзивецот Руфати во 85.минута.

Силекс славеше во дуелот со Работнички, благодарение на двете очајни реакции на дефанзивците на гостите. Каланоски во раната фаза на натпреварот, во шестата минута го постигна првиот гол. Предноста на Силекс ја зголеми Ристоски 16 минути подоцна.

Тиквеш има две победи на стартот на сезоната. Тиквеш како гостин убедливо го победи Гостивар. Словенецот Куреж во 38.минута погоди за Тиквеш. Во вториот гостинските фудбалери постигнаа уште два гола, Ибиши беше стрелец во 51., а Ивановски во 64.минута.

Резултати, 2.коло:

Вардар-Шкупи 0:1
Силекс-Работнички 2:0
АП Брера-Воска спорт 2:0
Македонија ЃП-Брегалница 1:0
Гостивар-Тиквеш 0:3

Натпреварот помеѓу Шкендија и Шкупи е одложен за 30.август.

Табела:

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари