Утрински Весник
Македонија

Педалинка се преврте во Дојранско Езеро: Се трага по давеник, кој исчезнал и не знае да плива

Педалинка се преврте во Дојранско Езеро: Се трага по давеник, кој исчезнал и не знае да плива

Регионалниот ЦУК Струмица информира за давеник во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата кон пладне. Лицето не е пронајдено и е непознато.

dobivaj vesti na viber

Настанот се случил кога лицето било качено на педелинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива. За сега, нема податок дали имал безбедносен елек.

Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги,а и слаба е видливоста – до 1м длабочина.

Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаогање на телото. На лице место се ТППЕ и СВР Гевгелија.

Можете да прочитате

Милошоски: Пироманите се организирани, а целта е да се предизвика политичка нестабилност кај владата

Деца во градинка во Центар пронашле шприц во дворот користен од наркоман, ја скршиле иглата и се гребеле со неа

Мицкоски: Со нетрпение го очекувам решението на СДСМ за црвените линии со Бугарија