Утрински Весник
Свет

(Видео) Големи поплави на истокот на Русија, повеќе од 4.300 куќи се под вода

(Видео) Големи поплави на истокот на Русија, повеќе од 4.300 куќи се под вода

Илјадници куќи беа поплавени откако тајфун го погоди источниот дел на Русија, јавува германската агенција ДПА.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од 4.300 куќи во 16 села, 5.600 други имоти и 43 патишта се уште се поплавени во Приморската област на истокот од земјата, соопшти службата за цивилна заштита.

Службата додава дека 28 села се отсечени поради поплавите. Засега нема евидентирани жртви, а повеќе од 2.000 жители се евакуирани.

Во изминатите неколку дена провинцијата на границата со Кина беше погодена од тајфунот Ханун, кој веќе предизвика штети во Јапонија. Крајбрежните области на Приморскиот крај се граничат со Јапонското Море, односно со Источното Море.

Вонредна состојба е прогласена по големите поплави поради пукање на браната кај градот Спаск-Дални и обилните дождови по тајфунот.

Околу Спаск-Дални водата во недела полека се повлекува, соопштија од покраинската управа.

Многу куќи се уште се без струја бидејќи некои трафостаници престанаа да работат за време на поплавите.

Во близина на градот Усуријска тешко е оштетен граничниот премин со Кина, пишуваат локалните весници.

 

Можете да прочитате

Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија

Трамп: САД и ЕУ постигнаа историски трговски договор

Орбан: Бриселската елита се води од логиката на војната