Утрински Весник
Свет

Харадинај до Албанците во Македонија: Не му верувајте на измамникот Курти

Харадинај до Албанците во Македонија: Не му верувајте на измамникот Курти

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, им порача на Албанците во Македонија дека не треба да му веруваат на „измамникот Албин Курти“, пренесува Косово онлајн.

dobivaj vesti na viber

Вака Харадинај реагираше на обраќањето на Курти при вчерашната посета на Тетово, каде рече дека патот Призрен-Тетово, како регионален проект, е многу важен и дека придонесува за развојот и на Косово и на Северна Македонија.

Харадинај, на својот Фејсбук профил, објави дека сите проекти и патишта на Косово се блокирани.

– Не му верувајте на измамникот Албин Курти. Сите патишта и проекти се блокирани во Косово, вклучително и патот Плав. Бидејќи веќе не може да ги лаже граѓаните на Косово, дојде да ве излаже, зборувајќи за патот Тетово – Призрен. Истото го пробал и во Албанија, но не му поверувале и го избркале. Не потпаѓајте на неговите трикови, напиша Харадинај на Фејсбук.

Можете да прочитате

Кубанскиот претседател повикува на воена подготвеност на островот поради американските закани

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“

СЗО жали за повлекувањето на САД