Утрински Весник
Спорт

Ал-Итихад се договори со Серхио Рамос

Ал-Итихад се договори со Серхио Рамос

Саудискиот првак Ал-Итихад постигна вербален договор со Серхио Рамос за негово простигнување во Џеда. Досегашниот фудбалер на Пари Сен Жермен и поранешен легендарен дефанзивец на Реал Мадрид треба да биде новото големо име на „тигрите“, кои летово го доведоа и неговиот долгогодишен соиграч од Мадрид, Карим Бензема.

dobivaj vesti na viber

Актуелниот шампион на Саудиска Арабија има еден од најсилните тимови во Азија, откако пристигнаа Бензема, Н’голо Канте, Фабињо и Жота, а очигледно е дека се потребни засилувања и во одбраната.

Серхио Рамос следниот март ќе наполни 38 години, а и покрај проблемите со повредите, тој е фудбалер од светска класа чие доаѓање дополнително ќе ја разгори фантазијата на навивачите на Ал-Итихад.

Можете да прочитате

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл