Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да одговори дали под притисок на Бугарија се откажа од Декларацијата за Илинденското востание

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да ги сопре работите на надзорот за Коридорите 8 и10д

Целосен молк од СДС за тоа каде заглави Декларацијата за Илинден која беше помпезно најавена пред 20-тина дена. Ниту некој ја видел, ниту некој ја прочитал, ниту пак е во собраниска процедура. Од што се исплашија Ковачевски и СДС?, прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Оттаму велат дека јавноста чека одговор на прашањето дали под притисок на Бугарија, СДС се откажаа од Декларацијата за Илинденското востание.

Додека кај источниот сосед се зборува за бугарскиот карактер на Илинденското востание, како и за тоа дека крајна цел на востанието било присоединување со Бугарија, СДС и Ковачевски го сокрија текстот на Декларацијата. Искарани од Бугарија, мораа да ретерираат, па да го покријат срамот, решија да пишуваат со нивниот поголем коалициски партнер ДУИ, таканаречен Манифест, се со цел дефокусирањето од шамарите кои ги добија од Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ и прашуваат дали е точно дека Османи и Маричиќ добиле сериозен укор од страна на бугарскиот државен врв, па ДУИ и СДС мораа да ретерираат и измислуваат нови документи?

Можете да прочитате

АХВ: Не сме надлежни за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборати

Задутре завршни зборови ќе дава адвокатот на Палевски и останатите обвинети

„Истрагата за Кочани се спроведува неселективно и во целост, а Филипче и Шарените знаат само да злоупотребуваат трагедии“, вели Манасиевски