Утрински Весник
Македонија

Времето денеска сончево и ветровито

Времето денеска сончево и ветровито

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 25 до 33 степени. Индексот на ултравиолетово зрачење ќе биде 8.

Во Скопје, слично време со умерен, повремено и засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.

За следните денови, синоптичарите најавуваат период на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник и во среда ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст.

Можете да прочитате

Маж пронајден мртов во дом во Ѓорче Петров, имал траги на насилство

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври

Мицкоски: Свои на своето, со корен во минатото и со верба во иднината