Утрински Весник
Спорт

(Видео) Блескава партија на Димитриевски – Рајо Ваљекано со победа влезе во новата сезона

Новата сезона во шпанската Ла Лига започна со победата на Рајо Ваљекано од 2:0 на гостувањето во Алмерија. Брилијантна партија за Рајо пружи македонскиот репрезентативен голман Столе Димитиревски.

dobivaj vesti na viber

Од белата точка фудбалерите на Рајо Ваљекано дојдоа до првата победа во сезоната. Првиот пенал го реализираше Изи Паласон во 20.минта, а вториот осум минути подоцна Ранди Нтека.

По водството од 2:0, Димитиревски два пати излезе како победник во дуелите со Луис Суарез. Во 34.минута, Димитриевски го доби дуелот „еден на еден“ со колумбискиот напаѓач, а во 39.минута одлично го одбрани ударот на Суарез.

Во вториот дел, Димитриевски одбрани уште две тешки топки по ударите на Рамазани и Акиеме.

Инаку, Рајо Ваљекано ја забележа првата победа во Алмерија по 1.декември 2014 година.

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп