Утрински Весник
Македонија

Времето утре сончево, од вторник услови за дожд и грмежи

Сончево со слаб ветер и температура до 23 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. UV ќе биде 8.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.

Следува период на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник и во среда ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст.

Можете да прочитате

Мојсоска: Добивме повеќе министри за здравство за две години отколку што се изградени клинички центри за 35 години

Приведен двапати во еден ден, прво на Галичка свадба, па на улица во Гостивар

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни