Утрински Весник
Македонија

Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

Вчера во 08,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на булевар „Борис Трајковски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот Н.Ј. од село Алдинци, скопско и патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки, управувано од 34-годишниот Ж.Т. од Берово, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „бмв“, С.М.(56) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот Н.Ј. и уште еден сопатник од возилото „бмв“, М.М.(61) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Акција на полицијата во Гостивар: Марихуана пронајдена при претрес на дом

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“