На 20 август на Градскиот плоштад во Демир Хисар ќе се одржи 8-мото издание на Музичката манифестација „Демирхисарски Рок Хепенинг“.
На настанот ќе настапат музичките групи: Лајв Вајр од Скопје, Саунд Вејвс од Битола, Кросроад блуз бенд од Прилеп, Синхро – ЕКВ трибјут бенд од Ресен и Ревелејшн од Демир Хисар.
Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура и Општина Демир Хисар и е во рамките на овогодинешното Демирхисарско културно лето.