Утрински Весник
Свет

Сериозно предупредување: „Топењето на Антарктикот се приближува до точката без враќање“

Сериозно предупредување: „Топењето на Антарктикот се приближува до точката без враќање“

Мразот од морето на Антарктикот падна на рекордно ниско ниво оваа година поради високите температури и нема брзо решение за да се отстранат штетите, велат научниците оваа недела во студијата за влијанието на климатските промени на континентот.

dobivaj vesti na viber

Минималната ледена покривка на континентот минатата година падна под 2 милиони квадратни метри за прв пат од почетокот на мерењата на сателитите во 1978 година, а овој февруари падна на уште пониски нивоа, се вели во студијата објавена во списанието Frontiers in Environmental Science.

„Ќе бидат потребни децении, ако не и векови, за овие работи да закрепнат. Не постои брз лек за замена на овој мраз“, вели Ана Хог, професорка на Универзитетот во Лидс и еден од коавторите на студијата. „Тоа сигурно ќе трае долго, ако воопшто е можно“, им нагласи таа на новинарите.

Овогодинешниот минимум мраз е за 20 отсто помал од просекот во 40 години, што е еквивалентно на загуба на морски мраз речиси 10 пати поголема од големината на Нов Зеланд, рече Тим Наиш, директор на Истражувачкиот центар за Антарктикот на Универзитетот Викторија во Велингтон во Нов Зеланд.

„Во некои случаи, се приближуваме до точките од кои нема враќање, кои штом еднаш ќе се поминат, ќе доведат до неповратни промени со незапирливи последици за идните генерации“, предупреди Наиш.

Глобалното затоплување поттикнато од согорувањето на фосилните горива го направи Антарктикот поранлив на екстремни настани и тоа влијание е „речиси сигурно“ дека ќе се влоши, се вели во студијата.

Климатските промени „ќе доведат до зголемување на големината и фреквенцијата“ на топлотните бранови, колапсот на ледената покривка и намалувањето на морскиот мраз, се додава.

 

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk