Утрински Весник
Спорт

Иконата на Барселона, голманот Де Варгас ќе го напушти клубот

Иконата на Барселона, голманот Де Варгас ќе го напушти клубот

Долгогодишниот голман и капитен на Барселона Гонзало Перез де Варгас од 2025 година ќе се пресели во Бундес лигата,в редовите на Кил.

dobivaj vesti na viber

Се случи незамисливото, – Гонзало Перез де Варгас ќе ја напушти Барселона. Голманот кој застана на голот на каталонскиот клуб во 2009 година, потпиша договор со Кил. Договорот ќе започне да важи од 2025 година. Договорот е потпишан на четири години, што значи дека 32. годишниот шпански голман ќе има 38 години кога ќе заврши соработката.

За Барса дебитираше во 2009 година, а оттогаш нема играно за својот матичен клуб само три сезони. Тој беше испратен на позајмица прво во Гранољерс од 2011 до 2013 година, а потоа во Тулуз во натпреварувачката сезона 2013/14.

Со Барселона доминираше во шпанскиот и европскиот ракомет и заедно со неколку домашни трофеи освои и четири Лиги на шампиони.

Со репрезентацијата на Шпанија освои една олимписка бронза, две светски бронзи, а на ЕП има две златна, две сребра и една бронза.

Каталонците поради финансиски проблеми мораат драстично да си го намалат буџетот. Клубот го напуштија Лудовик Фабрегас и Лука Циндриќ.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност