Утрински Весник
Свет

(Видео) Претседателски кандидат на Еквадор убиен на митинг: напаѓач пришол и пукал

(Видео) Претседателски кандидат на Еквадор убиен на митинг: напаѓач пришол и пукал

Фернандо Вилависенсио, кандидат за претседател на Еквадор, беше убиен на предизборен митинг во Кито.

dobivaj vesti na viber

Вилависенсио бил заменик во собранието, а бил убиен кога влегувал во автомобилот со кој требало да се оддалечи од местото на митингот, јавува Би-Би-Си.

Член од неговиот изборен штаб за локалните медиуми изјавил дека Вилависенсио влегувал во својот автомобил кога напаѓачот му пришол и го застрелал во главата.

Актуелниот претседател на Еквадор, Гиљермо Ласо изјави дека „ова злосторство нема да остане неказнето“.

Очевидци тврдат дека Вилавиченсио (59) бил застрелан три пати. Во престрелката што следела бил ранет и осомничениот за атентатот, а подоцна починал од повредите.

Првиот круг од претседателските избори во Еквадор треба да се одржи на 20 август.

Претседателот Ласо, кој нема да се кандидира за функцијата, рече дека е „шокиран“ од убиството.

Недамнешниот пораст на насилниот криминал, поттикнат од зголеменото присуство на нарко-картелите во Еквадор, е централна тема во овогодинешната изборна кампања.

Минатиот месец, претседателот Ласо прогласи вонредна состојба и полициски час во три провинции, по убиствата поврзани со организираниот криминал.

Кампањата на Вилависенсио, освен на безбедноста на граѓаните, беше фокусирана и на борбата против корупцијата, со која се занимаваше и како новинар, но и на борбата за намалување на уништувањето на животната средина.

Штабот на Вилависенсио минатата недела објави дека тој и членовите на тимот добиле закани од водачот на банда за шверц на дрога.

Вилависенсио беше еден од 8-те кандидати во првиот круг на изборите, но тој не беше во водство, според анкетите на јавното мислење.

Агустин Интриаго, градоначалникот на градот Манта, беше убиен во Еквадор во јули, а Омар Менендез, кандидат за градоначалник на градот Пуерто Лопез, беше убиен во февруари.

Другите претседателски кандидати изразија сочувство до семејството Вилависенсио.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години