Утрински Весник
Свет

Огромните пожари во Португалија им се закнуваат и на туристичките дестинации, евакуирани 1.700 луѓе

Огромните пожари во Португалија им се закнуваат и на туристичките дестинации, евакуирани 1.700 луѓе

Португалските пожарникари, цивилната заштита и волонтерите се борат со неколку пожари, а најголемиот е во Одемира на југозападот на земјата, пишува ДПА.

dobivaj vesti na viber

Трите најголеми пожари се во Одемира на југозапад, во Синфаес на северот на земјата и во Леирија, во централна Португалија. Повеќе од 1.000 пожарникари се борат со пожарот, објави весникот „Публико“ повикувајќи се на цивилната заштита.

Во Одемира евакуирани се речиси 1.400 луѓе од 19 села и кампови. Според официјални лица, пожари биле регистрирани во близина на 15 туристички дестинации. Повредени се неколку лица, главно работници на итната помош. Метеоролошката служба ИПМА предупреди дека највисокото ниво на опасност од пожар моментно е во сила на повеќе од половина од територијата на Португалија, вклучувајќи го и главниот град Лисабон.

Високите температури, кои повремено беа над 40 Целзиусови степени, заедно со силните ветрови и долготрајната суша, придонесоа за висок ризик од пожари. Се проценува дека од викендот опасноста ќе биде многу помала поради пониските температури. И покрај предупредувањата, полицијата го отфрла прогласувањето вонредна состојба нагласувајќи дека работата на итните служби е многу ефикасна.

Според официјалните податоци, од почетокот на годината во Португалија имало повеќе од 5.600 пожари, кои уништиле вкупно речиси 25.000 хектари природа, што е еквивалент на приближно 35.000 фудбалски игралишта. Во Шпанија метеоролошката служба АЕМЕТ издаде предупредување поради нов топлотен бран и пожари, но во моментот горат само мали пожари и сите се под контрола.

Врвот на топлотниот бран во Шпанија се очекува в среда. Според метеоролзите, температурите би можеле да се зголемат до 44 степени во регионите околу главниот град Мадрид.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk