Федералниот суд вчера ја отфрли противтужбата на Доналд Трамп за клевета против писателката Е. Џин Керол.
Судијата Луис Каплан во својата одлука навел дека поранешниот американски претседател не докажал дека изјавите на Керол на Си-Ен-Ен се лажни, пренесува телевизијата.
Според тој американски телевизиски канал, Трамп ја тужел Керол во јуни, откако таа рекла: „О, да, така е“, коментирајќи ја пресудата според која поранешниот претседател сексуално злоставувал, но не силувал.
„Нема основа аргументот на Трамп дека наодот на поротата за прашањето „силување“ утврди дека изјавите на Керол биле лажни, дури и ако нејзините изјави може да се протолкуваат како да се однесуваат на „силување“, наведе судијата во одлуката.
Керол го обвини Трамп дека ја силувал во соблекувалната на стоковна куќа на Менхетен во средината на 1990-тите, по што тој, во 2022 година, на својата платформа „Truth social“ го оцени чинот како измама.
По пресудата, Трамп рече дека доделувањето на Керол отштета од два милиони долари за сексуален напад е „претерано“, бидејќи поротата утврдила дека тој не ја силувал, додека, според него, отштетата за клевета била заснована на „чиста шпекулација“.