Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Царина заплени обврзници со вредност од 92 милиони долари – патник од Турција ги скрил во четири папки

Царина заплени обврзници со вредност од 92 милиони долари – патник од Турција ги скрил во четири папки
Img 7972

Царинската управа заплени обврзници со вредност 92 милиони долари.

dobivaj vesti na viber

Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев објави дека заплената се случила на 28 јули, а станува збор за 184 обврзници со поединечна номинална вредност од 500.000 долари.

Обврзниците биле пронајдени кај патник – турски државјанин кој пристигнал со редовен лет од Истанбул и не пријавил стока. При контролата, обврзниците биле забележани во четири папки, сместени во рачна црна торба.

Извршени биле разговори, прибрани биле и докази, како и консултации со државните и меѓународните инстутуции, како што се ИНТЕРПОЛ и СЕЛЕК.

Согласно одредбите од Законот за Царинска управа, поднесена е соодветна пријава до надлежниот суд. Судот ги одземал обврзниците, а на лицето му е изречена парична казна глоба.

Обврзниците, како што истакна Богоев, ќе и бидат предадени на Агенциаја за одземен имот.

Богоев укажа на постоечки тренд во глобални рамки на злоупотреба на обврзници како инструмент на перење пари.

Можете да прочитате

Кичевчанец возел со 1.85 промили алкохол во крвта

СДСМ: Застана откупот на пиперката ајварка поради срамно ниски цени, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони”