Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез деновиве беа на одмор во Италија.
Сопственикот на „Амазон“ и новинарката се релаксираа на неговата нова суперјахта од половина милијарда долари.
Безос не мирува ниту за време на одмор, коментираат таблоидите, алудирајќи на фотографии на кои се гледа како прегледува документи и работи на својот лаптоп.
Во меѓувреме, Лорен се дружи со своите пријателки.
Славниот пар деновиве организирал раскошна забава на луксузната јахта по повод свршувачката, дознава „Пејџ сикс“.
Присутни биле, меѓу останатите, основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс и неговата партнерка Пола Хард, претприемачката Венди Мурдок, и филмската продуцентка Фабиола Беракес Бекмен.
Минатата недела Џеф и Лорен пловеа околу Капри.
Двајцата се неразделни откако започнаа врска во 2019 година.
„Секој ден ме инспирира и ме прави подобра личност. Тој е најпрекрасниот човек што го познавам“, изјави неодамна Лорен за Џеф во интервју за магазинот „Волстрит журнал“.
Основачот на Амазон“ (59) ја запроси телевизиската новинарка (53) пред два месеци додека беа на патување на југот на Франција.